Живот 15.08.2018 19:47

Протеините се важни за организмот

Протеините се важни за организмот

Протеините имаат важна улога во организмот – учествуваат во саморепродукцијата на клетките и во сите важни процеси во организмот.

Претставуваат извор на енергија за нашиот организам и се од клучна важност за здравата кожа, коса и ноктите.

За повеќето луѓе се препорачува внесување од 0,8 до 1 грам протеини по килограм од телесната тежина.

Лицата кои имаат 70 килограми би требало преку исхраната да внесуваат 56 до 70 грамови протеини дневно.

Потребите за протеин се зголемуваат доколку се занимавате со спорт, особено ако станува збор за тренинзи за издржливост.

По тренингот, за опоравување на мускулите важно е во текот на наредните 30 минути да внесете 15 до 25 грамови протеин.