Мозаик 25.09.2018 09:16

Варените брокули лоши за здравјето

Варените брокули лоши за здравјето

Многу луѓе ги подготвуваат брокулите така што ги варат. Меѓутоа, на тој начин се уништуваат сите вредни нутриенти на зеленчук, витамините од групата Б и витаминот Ц.

Дури и глукозинолатите, за кои научниците веруваат дека можат да се борат против канцерогените клетки, се разложуваат при варење во вода.

Многу подобар начин за подготвување на брокули е готвење на пареа. Не ви требаат дури ни посебни садови. Доволно е една помала чинија да ставите над тенџере со зовриена вода и да ја поклопите на неколку минути.

Исто така, брокулите можете да ги подготвите и во микробранова печка, така што тие ги зачуват сите лековити својства. Доволно е да наполните чинија со брокули, да додадете една лажица вода и да ги поклопите со друга чинија. Загрејте ја микробрановата неколку минути и уживајте!

Во една студија од ноември 2015 година, која ги проучувала различните методи на готвење на зеленчук, вклучувајќи ги и брокулите, се заклучува дека подготвувањето на пареа е најдобар начин да се зачуваат нивните нутриенти.