Платежната агенција ги подготвува решенијата по што ќе следи исплата на субвенциите.
Денес ќе започне исплатата на субвенциите за тутунот од реколтата 2017-та година со што истите ќе ги добијат над 23.400 тутунари.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наведуваат дека годинава е постигната највисока цена од 217,6 денари по килограм.
Со новиот начин за зголемено субвенционирање во три нивоа што почнува со реколтата 2017, за прва класа субвенцијата е 80 денари, за втора 70, а за третото ниво за трета и четврта класа како и за дополнителни класи е 60 денари, информираат од Министерството.