Актуелно 27.09.2018 18:20

Прв насилен инцидент поврзан со референдумот: Советник на Заев физички нападнал две момчиња во Тетово?

Прв насилен инцидент поврзан со референдумот: Советник на Заев физички нападнал две момчиња во Тетово?

Две момчиња кои делеле флаери за референдумот биле физички нападнати денескаво Тетово, дознава НетПрес.

Ова е првиот насилен инцидент во врска со претстојниот референдум во недела. МВР засега молчи и не објавува никакви детали околу случајот, ниту дали е приведен сторителот на насилството. Се обративме и официјално да побараме информација, но сеуште нема никаков одговор. Редакцијата на НетПрес oдлучи да oбјави за инцидентот со оглед на фактот дека доцна вечерва стапува на сила молкот

Флаерот кој го делеле нападнатите момчиња

Според информациите кои ги добивме, Силвио Аврамовски, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев ги забележал двете момчиња во близина на зелениот пазар во Tетово, по што им се приближил и физички ги нападнал. Инцидентот се случил околу 11.30 часот пред ординацијата „Аполон“ каде што момчињата делеле пропаганден материјал околу референдумот. Советникот на Заев првo им го одзел материјалот, па потоа им се заканил. Во еден момент тргнал и физички, со тупаници да нападне едно од момчињата, по што му задал удар со нога во грбот.

Случајот околу пладне бил и пријавен во тетовската полиција, а момчињата биле упатени да извадат лекарско уверение. Засега нема информации дали советникот на Заев или луѓето кои биле со него се повикани во полиција.

Силвио Аврамовски стана познат во јавноста откако ВМРО ДПМНЕ откри скандалозни моменти од неговата биографија и отворено праша дали бил инволвиран во преходни вооружени инциденти.

Буџетот и државните институции им служат единствено за задоволување на партиските потреби и исплата на долговите и обврските што ги презеде Зоран  Заев пред изборите. Ветуваа намалување на бројот на министерствата, а ја наполнија владата со неспособни, некомпетентни и сомнителни кадри. Зоран Заев го наполни премиерскиот кабинет дури со 56 советници. Како негови советници фигурираа и фигурираат сомнителни лица, лица со криминални досиеја и без ниту еден единствен резултат позади нив. Трагедијата е што сето ова го плаќаат граѓаните. Кабинетот на Зоран Заев брои 13 посебни советници, 33 надворешни советници и 10 обични советници. Вкупно 56 советници. Ако како просек се земе нето платата која ја имаше Заев договорено со командант Хоџа, кој за своето средно образование требаше да добива 600 евра месечно, тоа значи дека годишно граѓаните од својот џеб плаќаат вкупно за сите 56 советници над 540.000 евра за плати и придонеси. Тука не се вклучени тековните трошоци за советниците за патувања и користење на службени бенефиции кои што исто така директно паѓаат на грбот на граѓаните, истакна портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски на прес конференција во мај, годинава.

Тој тогаш рече дека над половина милион евра, Заев со парите на граѓаните ги плаќа советниците, од кои најголем дел од нив по ниту еден критериум во нормална Влада не би биле советници на ниту еден Премиер.

Еден од таквите еклатантни примери е Силвио Аврамовски. Човекот е непознат за јавноста, но Заев си го назначил за надворешен соработник за економски прашања и зајакнување на економската соработка со земјите од Кавказ и Блискиот Исток. Во медиумите единствено се појавува како човек кој бил избран за делегат на Конгресот на СДСМ во 2011 година. Врска со Блискиот Исток или Кавказ, никаква. Единствено неговата сопруга Маја Аврамовска Трпевска се јавува како вработена во германска невладина организација која што оперира во градот Тбилиси. Уште позагрижувачка е информацијата која што кружи во јавноста дека Силвио Аврамовски е токму човек кој што има досие во полиција. Затоа, прашуваме дали пред неговиот ангажман како советник на Зоран Заев, Владата го проверила неговото досие? Дали е точно дека против него се водела постапка затоа што во кафеана пукал во припадник на специјалните единици? Дали бил осуден за ова дело, дали одлежал затворска казна или истото дело му е избришано од досието?, праша тогаш Арсовски.