Економија 15.01.2019 11:44

Прво задолжување годинава, колкави долгови ни се „на врат“

Прво задолжување годинава, колкави долгови ни се „на врат“

По две аукции со кои се задолжува на домашниот пазар ќе организира месечно Министерството за финансии годинава. Календарот за првото полугодие е веќе објавен, а првата аукција на која државата продава обврзници е закажана за денеска. На продажба се нудат двегодишни државни обврзници без девизна клаузула во вкупен износ од 700 милиони денари или речиси 11,4 милиони евра, за кои каматата е 1,1 проценти. Следната, за месецов е закажана за 29 јануари. Инаку во првиот месец годинава по основ на продадени државни хартии од вредност државата треба да раздолжи безмалку две милијарди денари, пишуваФактор.мк

Министерот за финансии Драган Тевдовски веќе изјави дека од годинава ќе се намали темпото со кое државата се задолжува дома, па наместо секоја недела или четири пати месечно, аукции на државни обврзници ќе има на две недели.

Со задолжување дома, ама и во странство Владата годинава планира да го финансира буџетскиот дефицит кој изнесува 17,7 милијарди денари или е позициониран на 2,5 отсто од БДП.

„Со буџетот за 2019 година продолжуваме со дисциплинираната фискална политика. Правецот во кој одиме е  умерена фискална консолидација или намалување на буџетскиот дефицит на 2,5 проценти од проектираниот БДП за 2019 од 2,7 отсто во 2018. Ова е во согласност со Фискалната стратегија, како и препораките на сите меѓународни организации. Умереното намалување на дефицитот влијае директно на помали потреби за задолжување, а со тоа и среднорочно стабилизирање на државниот и јавниот долг, вели министерот за финансии Драган Тевдовски.

Според фискалната стратегија која се однесува на годините од 2019 до 2021 година, буџетскиот дефицит во 2020 година треба да изнесува 2,3 отсто од БДП, а два отсто во 2021 година. Министерството за финансии смета дека финансирањето надвор ќе биде со поволни заеми од меѓународни финансиски институции, но и со издавање на еврообврзница.

Целиот текст прочитајте го на Фактор