Актуелно 18.09.2018 19:38

Путин: Проблемот со мигрантите треба да се реши по политички пат

Путин: Проблемот со мигрантите треба да се реши по политички пат
epa07029785 Hungarian Prime Minister Viktor Orban (L) and Russian President Vladimir Putin shake hands during their meeting in the Kremlin in Moscow, Russia, 18 September 2018. EPA-EFE/ALEXANDER ZEMLIANICHENKO / POOL

Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека мигрантскиот бран што е насочен кон Европа нема да запре и дека се работи за политички проблем кој треба да се реши по политички пат.

Путин го изјави ова по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е водечки поборник на потребата Европската унија да има цврста надворешна граница.

– Бранот на мигранти постојано расте, состојбата се менува само локациски, по што бројот на мигранти повторно се зголемува. Јасно е дека потенцијалот за миграција во Европа е од колосални размери. Се работи за политичко прашање, изјави Путин, зборувајќи за мигрантските рути кои од Балканот се насочија од Либија, прво кон Италија, а сега кон Шпанија.

Рускиот претседател посочи и на променливиот карактер на мигрантите, почнувајќи со бегалците од Сирија и Блискиот Исток, за сега во рутите да доминираат мигранти од западна и средна Африка.

– Нашите колеги во Европа треба самите да решат што е најдобро за Европа и за нејзиниот развој. И Русија има проблеми поврзани со престојот на странци во нашата земја. На некој начин нашата состојба не е многу поедноставна од таа на Европа, бидејќи ние немаме граници со државите од каде што доаѓаат мигрантските текови. Но, ние имаме свои специфични моменти, се работи за луѓе кои се главно жители на поранешните советски републики, кои го зборуваат рускиот јазик и ја познаваат руската култура и со тоа полесно се прилагодуваат на руското стопанство. Во Европа, ова прашање е покомплицирано, изјави Путин