Финансии 23.07.2018 18:01

Работа и виза со само еден услов во Германија

Работа и виза со само еден услов во Германија

Германскиот министер за труд  Хубертус Хајл, сака да им олесни на работниците од странство во одредени сектори да најдат полесно работа во таа земја.

Тој во интервју за „Франкфуртер алгемајне сонтагцајтунг“, се изјасни за добивање на виза за привремен престој за оние кои бараат работа во секторите како што се негуватели, каде што е евидентиран недостаток на работна сила.
Тој вели дека на нив треба да им се овозможи да бараат работа во Германија, но сака да се исклучи можноста за добивање на социјална помош во оваа земја.
Претпоставувам дека ова би можело да значи дека на негувателите од странство треба да им се овозможи да дојдат на шест месеци во Германија за да најдат работа тука, вели Хајл, додавајќи: Ако не успеат, по истекот на тоа време, тие мора да се вратат во своите земји.”

Станува збор за создавање „колку што е можно по небирократски процеси” за потенцијалните нови работници, вели тој.

На инсистирањето на СПД, „големата коалиција” во Берлин има намера да започне со донесување на овој закон до крајот на годината, со што ќе се редефинира имиграцијата на квалификувани работници кои се потребни за германската економија, со што се отвора можноста за оние кои не се академски образовани. Со ова, исто така, би се ограничиле т.н. илегални миграции.

Германската канцеларка Ангела Меркел, овој закон го нарече „централен проект” на владата.

Најнови вести