Мозаик 03.09.2018 23:18

Работа на луксузна јахта: Нема одмор, но има огромна плата

Работа на луксузна јахта: Нема одмор, но има огромна плата

Луксузните јахти, изнајмувани од богати и славни, а кои крстарат крај Карибите, Далмација и Медитеранот, најчесто вработува послуга (обично млади девојки) кои служат како домаќинки, хигиеничари, коктел мајстори, осветлување, забавувачи, јога инструктори и мајстори.

Работата, иако најплатена, е исклучително тешка и напорна, а за тоа доходот е 7.000 евра месечно и тоа почетни. Гема Хулберт е на ултра-луксузна јахта речиси седум години, и вели дека во тоа време се сретнала со голем број прекрасни гости, но исто така и со необични хирови од страна на специјалните посетители.

Тие работат 13 часа на ден, иако тие всушност треба да бидат подготвени да реагираат секоја секунда од секој ден. Теоретски, тие имаат двочасовна пауза во текот на денот, а девет часа во текот на ноќта.

“Влегуваме во кабината и во бањата каде што треба секој дел од козметиката за гости да изгледа како ноав, било да е тоа пудра, шишенце за чистење лице, или нешто друго. Ние тоа го правиме со специјални влошки, стапчиња за уши и чепкалки “, вели Хулберт, која додава дека секогаш носи шамиче со кое буквално го брише апсолутно секое место кое некој претходно го допрел. Не смее да има траги од допир, а најмалу на  огледалата, така што се палат ламбите од вашиот мобилен телефон за полесно да се пронајдат отпечатоци.

“Се сеќавам на првиот плик со парите што ги добив и од кое испопаѓаа евра. Мислев дека се за некои трошоци, но сватив дека тие беа лично мои. Трошоци нема никакви, бидејќи ни се обезбедени три оброци на ден и козметика и пари за одржување на добар изглед”, вели Хулберт..

Допонително секој член од персоналот од бонуси добива најмалку 2.000 долари на секои три месеци.