Мехрудин Халач(50) по струка е рударски техничар, но по долги години работно искуство со мебел, основал своја фирма, пишува бизнисинфо.ба.
Денес тој со сопругата, синот и ќерката гради бренд.
Позајмувајќи пари во 2005 година одлучиле да основаат своја фирма.
Но, бидејќи сопругата нема искуство во кроење и шиење, за првиот производ да биде готов им биле потребни 11 дена.
Вели дека столарската и тапетарската работа заедно ја учеле.
Почнале тројца, а денес има над 20 работници, и во иднина сакаат да купат свој простор за работа. На оние кои сакаат да имаат свој бизнис им советува да бидат упорни, истрајни и да се подготвени за откажувања.