Мозаик 28.06.2018 11:38

Работни активности кај тунелот во Демир Капија, сообраќајот по една лента

Работни активности кај тунелот во Демир Капија, сообраќајот по една лента

Денеска со почеток од 10 часот во времетраење од 1 час, на Тунел 1 – Демир Капија – десна страна, смер Скопје – Гевгелија ќе се извршуваат работни активности внатре во тунелот.

АМСМ соопшти дека поради тие причини ќе биде намалена брзината на 40 километри на час и сообраќајот ќе се одвива по една коловозна лента, односно по левата.