Економија 04.12.2018 15:18

Работното време во Германија достигна нов рекорд

Работното време во Германија достигна нов рекорд

Во Германија, во третиот квартал, беа изработени 15,64 милијарди часа – ниво кое никогаш не било достигнато. Продуктивноста сепак не е во чекор со порастот на обемот на работа, предупреди истражувачкиот институт во Федералната агенција за вработување, цитирана од светските агенции.

Според агенцијата, обемот на работа е зголемен за 0,3% во однос на вториот квартал. Сепак, производителноста на еден час се намали за 0,4% во споредба со третиот квартал од 2017-та година.

„Со демографската контракција еден макроекономски бизнис модел базиран на вработување, веќе нема да функционира“, вели експертот на Енцо Вебер. „Најдоцна тогаш во однос на работната рака треба да се заложиме на класата, наместо на масата“, вели тој.

Бројот на вработени лица се зголеми за 1,3% на годишна основа, достигнувајќи рекорд од над 45 милиони луѓе.