Актуелно 05.02.2019 00:10

Рафајловски: Да предвидите 400 милиони евра инвестиции, а да реализирате само 112 тогаш тоа е сериозно промашување на владата на СДСМ

Рафајловски: Да предвидите 400 милиони евра инвестиции, а да реализирате само 112 тогаш тоа е сериозно промашување на владата на СДСМ

Познатиот економист и консултант Горан Рафајловски во вечерашното гостување на Топ тема на телевизија Телма истакна дека 2018 година е најлоша година за македонската економија. Според него македонската економија во 2018 година, шест месеци била во минус, потенцирајќи дека кога владата на СДСМ вели дека е нула, тогаш тоа всушност значи дека македонската економија е во минус.

За македонската економија минатата година беше катастрофална. Ние минатата година 6 месеци бевме во минус, не во раст, не во нула, туку во минус. Кога вели владата нула, тогаш знаете дека сте во минус, вели тој.

Имено, Рафајловски смета има сериозно промашување на економијата од страна на владата на СДСМ која предвидела 400 милиони евра за инвестиции од државата, а реализирала само 112милиони, што претставува сериозно промашување.

Вие ако предвидете 400 милиона инвестиции од страна на државата а остварите 112 или 117 значи дека сте ја промашиле годината многу сериозно, објаснува Рафајловски.

Тој смета дека под итно треба да се направи ребаланс на буџетот соодветен на македонската економијата, истакнувајќи дека изборното ветување на премиерот Зоран Заев за 500 евра мора најпрво фирмите да остварат приход за да можат да дадат 500 евра плата на работниците.

Вие не можете да постигнете плата од 500 евра само затоа што имате добра волја или само ќе притискате некој да ја даде платат. Тој мора да оствари за да ја даде. На крај ако не може да ја даде ќе мора да ја затвори компанијата, смета Рафајловски.