Актуелно 09.08.2018 11:27

Рамуш Харадинеј: Само војна може да ги помести границите

Рамуш Харадинеј: Само војна може да ги помести границите

Границите не се поместуваат со зборови, туку единствено со војна, порача косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

„Денешната реалност е епилог на војни. Отворањето на темата за границите за мене е неприфатлива“, изјави Харадинај при официјалната посета на Валона во Албанија.

Како што пренесува „Коха.нет“, Харадинај изјавил дека Белград има една реторика, а Приштина друга, но, границите не се поместуваат со зборови. Тој на вчерашната прес-конференција по седницата на Владата, на прашањето да ги коментира изјавите на претседателот на Косово, Хашим Тачи, за корекцијата на границата меѓу Косово и Србија, изјави дека границите на Косово се утврдени со војна и само со војна може да се поместат.

„Кој мисли дека границите поинаку се менуваат, тој греши“, рече Харадинај додавајќи дека она што преостанало меѓу Косово и Србија е реципрочно признавање во рамките на сегашните граници.