„Тиквеш“ дома продава вина и ракии за милион евра месечно!
Македонската винарска визба „Тиквеш“ бележи раст на продажбата за дури 17 отсто во првото тримесечие од 2018та споредбено со лани истиот период .
Официјалните податоци велат дека сме испиле вина и ракии од „Тиквеш“ за еден милион евра месечно за првиот квартал пд годинава.
Продажбата пораснала дома и во странство од вкупно 750.000 евра во однос на истиот период лани.
Приходите на „Тиквеш“ за првите 90 дена од домашниот пазар изнесуваат 191 милиони евра
„Тиквеш“ најмногу продава на домашен пазар и тоа за првите 90 дена годинава е приход што надмина 3,1 милиони евра односно 191 милиони денари. Во споредба со истиот период лани растот на продажбата на домашниот пазар изнесува 9 отсто односно 17 милиони денари повеќе од истиот период лани.