Бруто домашниот производ (БДП) сезонски прилагоден во еврозоната се зголеми за 0,2% и 0,3% во Европската унија во четвртиот квартал од минатата година во споредба со претходните три месеци. Ова го покажуваат прелиминарните податоци на Европскиот завод за статистика „Еуростат“.
Бројките остануваат непроменети од третиот квартал, кога тие исто така беа на ниво од 0,2% и 0,3% соодветно за делот со единствената валута и за ЕУ. Ова е, исто така, најслабата стапка на раст за еврозоната од втората половина на 2014-та година.
Споредено со истиот квартал од претходната година, сезонскиот прилагоден раст на БДП-то забавуваше. Економијата во еврозоната се зголемува за 1,2%, а во Унијата за 1,5%. За споредба, во претходниот период, растот изнесуваше 1,6% и 1,8%, соодветно.
Според првите проценки за годишниот раст во 2019-та година, БДП-то порасна за 1,8% во еврозоната и 1,9% во ЕУ.