Економија 28.06.2018 11:33

Растот на цените на недвижностите во Британија е на најниско ниво од пред 5 години

Растот на цените на недвижностите во Велика Британија достигна најниско ниво во последните пет години, а цените во Лондон се намалуваат, покажуваат податоците на „Nationwide Building Society“, цитирани од „Bloomberg“.

Компанијата соопшти дека намалувањето на економската активност и ограничените буџети на домаќинствата ја намалуваат побарувачката. Според неа е малку веројатно на краткорочен план да се случат промени на националниот пазар наспроти трендот во последно време.

Месечниот извештај на „Nationwide“ покажува дека цените на куќите во Велика Британија се зголеми за 2% во јуни во однос на една година порано при раст од 2,4% во мај. Лондон е најслабиот пазар, каде што цените се намалени за 1,9% на годишна основа во вториот квартал, додава компанијата.

Очекувањата се растот на цените на недвижностите во Велика Британија да продолжи да се забавува и прогнозата е за пораст од само 1% во оваа година.

„Брокерите продолжуваат да пријават помал број барања од нови купувачи, додека понудата на пазарот на недвижности, исто така, остануваат ограничени“, вели Роберт Гарднер, главен економист во „Nationwide“. „Во иднина многу ќе зависи од развојот на економијата како целина, особено на пазарот на трудот, но исто така и од гледна точка на каматните стапки“, додава тој.

„Bank of England“ ја задржи непроменета својата основна каматна стапка во мај, но навести дека може да ја зацврстува монетарната политика подоцна во оваа година. Таа ја зголеми својата основна каматна стапка до 0,5% во ноември, првото зголемување од пред десет години.

Во последниве месеци извештаите за пазарот на недвижности се песимистички. Кралскиот институт на лиценцирани проценители на имот (Royal Institution of Chartered Surveyors) соопшти дека цените на домовите биле во минус во последните три месеци.