Едно е да се има разум и да се работи врз основа на принципи, а друго е да се има искуство, исто така, разум, но и доверба во другите да им овозможиме со наша поддршка да одат во насока во која сакаат.
Кога нејзиниот сопруг ќе направи грешки, разумнатажена тоа ќе му го натрие на нос и вели: “Ти реков.”
Мудрата жена ќе го поддржи, ќе се обиде да го расположи, а понекогаш се прави дека тоа никогаш не се ни случило.
Разумната жена ги зема дизгините во кризна ситуација и го учи сопругот како треба да се работи.
Мудрата жена, на многу суптилен начин му ја покажува вистинската насока и го поддржува во намера да ја постигне својата цел.
Разумната жена секогаш им помага на своите децата да учат математика, мислејќи дека тие не можат да бидат успешни без неа.
Мудрата жена сфаќа дека нејзините деца се единствени, и ги охрабрува да го прават она што ги прави среќни.
Разумната жена се обидува да ги надмине другите на работа, и никогаш не прави грешки, имајќи предвид дека повеќето колеги се плашат од неа.
Мудрата жена помага да се создаде атмосфера во која ќе владее љубов и почит меѓу колегите.
Разумната жена во чекор ги следи своите деца, дури и кога тие ќе пораснат, им дава совети и кога тоа не го бараат од неа, и им кажува како правилно да ги одгледуваат своите деца.
Мудрата жена им овозможува на децата сами да стекнат животно искуство и ги поддржува без разлика на сѐ.
Разумната жена се спротивставува на влијанието на свекрвата, ја брани својата независност од своите родители, и често им се спротивставува на нивните совети.
Мудрата жена ќе сослуша што другите имаат да кажат. А потоа ќе направи она што мисли и чувствува дека е исправно – но со добра волја во срцето.
Разумната жена сака да го промени светот и сѐ што е околу неа.
Мудрата жена се обидува да се промени, и да ги прифати другите, такви како што се.
Разумната жена мисли дека можеме да бидеме среќни само кога сме во право.
Мудрата жена знае дека сме во право кога сме среќни.