Реалната заработка во Германија се зголеми за 1,5 проценти во третиот квартал, што е највисок раст за две години, според податоците објавени денеска од страна на Германската статистичка служба.
Истовремено, номиналната заработувачка се зголеми за 3,6 отсто во периодот јули-септември во споредба со истиот квартал лани, што е највисок раст од вториот квартал од 2011 година, објави Ројтерс.
Потрошувачките цени се зголемија за 2,1% во однос на претходната година.
Просечната бруто плата во западногерманските покраини изнесува 4,013 евра месечно, а во источниот дел на земјата 3,173 евра.
Најголем пораст на платите е регистриран во секторот за недвижнини, култура и забава, додека заработката во образованието и во некои други услужни сектори заостанува зад просекот.
Германската централна банка Бундесбанк минатата недела ја намали прогнозата за раст на Германија за оваа година на 1,5 отсто од 2,0 отсто, а за следната година на 1,6 од 1,9 отсто.