Актуелно 23.04.2018 13:56

Реално платите во Македонија не растат – просечната плата за февруари изнесува само 23.158 денари

Реално платите во Македонија  не растат – просечната плата за февруари изнесува само 23.158 денари

Според Државниот завод за статистика просечната нето плата по вработен во февруари 2018 година изнесува 23.158 денари.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (26.4 %), Транспорт и складирање (11.7 %) и Рударство и вадење на камен (9.9 %).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2018, изнесува 23 158 денари. Од јануари 2018 година Државниот завод за статистика го промени досегашниот начин на прибирање на податоците за плати (хартиени обрасци со податоци чиј извор беа деловните субјекти) и премина кон користење податоци од административен извор – Управата за јавни приходи. Промената е направена со цел да се намали оптовареноста на извештајните единици и да се подобри квалитетот на податоците.
Имено, Владата на Република Македонија излезе со информации дека просечната плата по вработен за месец јануари изнесувала 24.025 денари. Министерот Тевдовски излезе со изјава дека ова е најголемиот раст на платите од 2010 година на што голем дел од јавноста реагираше дека оваа бројка е резултат на промена во методот на прибирање на податоците на плата.
Од опозициската ВМРО –ДПМНЕ реагираа дека се работи за сменета методологија која дава покачување на платата само на хартија.

ВМРО ДПМНЕ изјавија дека во Македонија нема пораст на плати, туку само промена на методот на прибирање на податоците за плата,
-„СДСМ може да излаже и дека просечната плата е 60 000 денари, но Граѓаните на своја кожа ја почуствуваат катастрофалната економска политика на економската црна тројка Заев, Тевдовски и Анѓушев. Граѓаните секој ден гледаат како пред очи им поскапува потрошувачката кошница, а стандардот им опаѓа. Она што успеаа оваа тројка да го постигне е покачување на акцизите, задолжувањето на државата и вработување на партиски послушници за восоки хонорари во институциите“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Опозицијата смета дека СДСМ има намера да ја смени секоја методологија само за на хартија да ја покачи просечната плата.
На оваа вест реагираа и луѓе на социјалните мрежи кои се гневни заради лажните податоци пласирани од страна на Владата кога граѓаните ниту најмалку не чувствуваат дека живеат подобро.


Според податоците за месец февруари се потврдуваат тврдењата и на експертската јавност дека нема реално покачување на платите во Македонија.