Истражувањето спроведено на глувците со средни години покажало дека бројот на мозочните клетки се зголемува по парењето, но потоа повторно паѓа. Причината за тоа е што активностите го стимулираат мозокот на создавање нови клетки.
Новоформираните мозочни клетки се поврзуваат и придонесуваат на сознајните функции и ја подобруваат долгорочната меморија. Но сексот не е единствената активност која придонесува за создавање на нови мозочни клетки. Новите клетки се создаваат со вежбање, секс и со Прозак – како што тврди психологот Tracey Shors.
За да се создадат нови клетки и да се одржуваат во живот, важно е редовно да се вежба, како телото, така и умот. Тоа е начин како ќе придонесете за вашето севкупно ментално и физичко здравје – велат научниците. Вежбањето три пати неделно и решавање на загатки како судоку, но и крстозбори, ќе ви помогне телото и мозокот да ви бидат во подобра форма.
При тоа, вежбањето не мора да биде теретана, доволно е да станете од фотелјата и малку прошетате, трчате или возите велосипед. Ако сте социјален тип, искористете го тоа и од време на време организирајте ноќ на друштвени игри со пријателите. Играта, освен што е во друштво многу забавна, го стимулира мозокот на активна работа со размислување и погодување различни термини. Поврзете го задоволството со корисното и одржете го телото младо и свежо колку што е можно подолго, староста ќе ви биде благодарна.