Мозаик 08.01.2019 13:19

Редовните односи го забавува стареењето, научно потврдено

Редовните односи го забавува стареењето, научно потврдено

Сексот не е само игра и забава, ниту само животински чин за размножување. Науката повеќе пати докажала дека пред сѐ, имаме неверојатни здравствени предности од редовниот секс.

Сексот помага да се ослободиме од стрес, да го подобриме квалитетот на спиењето, да го зајакнеме имунитетот, да го стабилизираме притисокот, но и да се зближиме со партнерот и да ја зајакнеме врската.

Најновите истражувања покажаа дека поволното дејство на сексот не застанува тука – со редовен секс од најмалку еднаш неделно ќе живеете подолго и ќе изгледате помладо.

Истражувањето спроведено на Универзитетот на Калифорнија во Сан Франциско опфати 129 мајки кои биле во врска. Испитаничките давале секојдневни извештаи за нивниот однос со партнерот, задоволноста од врската и бројот на сексуални односи неделно.

Покрај извештаите, истражувачите на увид ги имале и примероците крв на испитаничките што ги испитувале за показатели на стареење. Истражувањето траело седум дена.

Кога истражувачите ги споредиле дневните извештаи на жените со примероците крв, дошле до заклучок дека жените кои имале секс најмалку еднаш неделно со нивните партнери, имале значително подолги теломери (тоа е заштитната „капа“ на хромозомите што го одредува животниот век на клетките) во споредба со жените кои немале редовен секс.

Теломерите се разградуваат како резултат на лоша исхрана, прекумерно пиење алкохол и со природниот процес на стареење. Она што е позитивно е дека редовниот секс може да ги поправи и да ги продолжи теломерите.

Според ова истражување, освен што сексот го забавува стареењето, исто така прави да се чувствуваме и да изгледаме подобро и ја зголемува блискоста со партнерот, што ни дава чувство на сигурност, а тоа го намалува стресот.