Економија 16.08.2018 14:06

Рекордна сезона во Црна Гора со околу 200.000 туристи

Рекордна сезона во Црна Гора со околу 200.000 туристи

Годинашната летна туристичка сезона во Црна Гора е уште една од оние кои, според проценките на националната туристичка организација, ќе бидат рекордни.

Црногорските плажи се полни со капачи и во моментов во земјата престојуваат околу 200.000 туристи, главно од регионот, но и од Русија, пренесува „Анадолија“.

Најважната стопанска гранка – туризмот, и оваа година ќе биде, на задоволство на сите, главниот економски двигател, но, исто така, ќе придонесе за годинашната летна сезона да биде една од подобрите и поуспешните, а во некои сегменти и рекордна, пренесува ЦДМ.

Од националната туристичка организација на НТО Анадолија изјавија дека очекуваат годинашната сезона да ја надмине минатогодишната, која беше рекордна.

– Имајќи ги предвид физичките и финансиските показатели, разновидната структура на туристите, како и задоволството на гости, ние сме задоволни со досега постигнатите резултати во туристичката сезона и очекуваме да го надминеме рекордот од минатата година. Според официјалните статистички податоци, во Црна Гора само во хотелите во текот на првите шест месеци престојуваа 407,000 туристи, што претставува зголемување од 17 отсто во споредба со рекордната 2017 година, а остварени се 1.356.000 ноќевања, што е зголемување за 12 отсто – велат од НТО.

Според нив, врз основа на податоците од терен, приватните сместувачки капацитети бележат одлична стапка, сепак, сè уште немаат официјални статистички податоци кои го вклучуваат приватното сместување, пренесува ЦДМ.