Двегодишно момче изел парче портокал, кој доби виолетова боја
Зошто отсеното парче од портокал одеднаш станало пурпурно?
Австралија по скандалот со иглите во јагодите повторно се соочила со уште една мистерија врзана за овошјето.
Сѐ започнало претходниот месец кога Neti Moffitt од Бризбејн до надлежните власти пријавила дека портокалот, кој делумно ја изел нејзиниот двегодишен син, ја променил бојата во виолетова.
Еден тим научници од Институтот за здравство во Queensland утврдил дека имало природна реакција меѓу овошјето и остриот нож. Притоа конзумација на портокалот не претставувала опасност за здравјето, истакнале тие.
Стјуарт Карсвел, главениот хемичар, изјавил дека биле спроведени различни тестови за да се утврди причината за промена на портокаловата боја.
Резултатите од тестовите откриле дека антоцијанинот, природниот растителен пигмент на зеленчукот, овошјето и цвеќињата, реагирал во контакт со честичките на железо со тукушто наострениот нож.
– Во нашата лабораторија се обработуваат примероци на крв, урина, вода, почва, на риба и други прехранбени производи. Кога бевме замолени да го истражиме портокалот, бевме изненадени, тоа беше нешто сосема поинаку за нашиот тим, рече тој во изјавата.