Актуелно 27.06.2024 09:13

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид: Постои голема неизвесност од настанување на високи правни и финансиски ризици

Ревизија за автопатот Кичево-Охрид: Постои голема неизвесност од настанување на високи правни и финансиски ризици

За проект за изградбата на Автопат 2 патна делница Кичево Охрид вредноста на договорот за градба со анекс бр.3 е проценета на 589 милиони евра, а првичната вредност изнесува 411 милиони евра.

Проектот и после 10 години не е завршен, а финансиската реализација изнесува 466,4 милиони евра. Рокот за завршување на проектот е изминат на 31.12.2023 година, и постои голема неизвесност од настанување на високи правни и финансиски ризици поврзани со текот на овој проект.

Во април 2024 година донесен е Закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци-Штип и патна делница Кичево-Охрид, согласно кој ќе се склучи Анекс бр. 6 кон Договорот за изградба на автопат, делница Кичево-Охрид со краен рок за градба 31.12.2026 година.

Проектот втора делница ТЕН-Т Проект за автопат од Скопје до граница со Косово не е започнат, истиот се планира повеќе години, проценетата вредност од 112 милиони евра е зголемена на 198 милиони евра за 10,5 км автопат.