Финансии 22.10.2024 14:29

Ристески: Ние сме пријатели на работниците и синдикатите

Ристески: Ние сме пријатели на работниците и синдикатите

Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој.

Денеска на покана на Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски и Претседатл на самостојниот Синдикат за образование, наука и култура (СОНК), Јаким Неделков, заменик-министерот за економија Марјан Ристески беше гостин на извршниот одбор на КСС каде разговараа на повеќе теми.

-На средбата им го честитав историскиот договор со Владата каде од наредната плата вработените во образованието ќе добијат покачување од 5 проценти, од март дополнителни 7 проценти, и покачувањата ќе продолжат секоја година скалесто каде до 2028 година платите ќе пораснат за минимум 46 проценти.  Ние сме пријатели на работниците и синдикатите, тука сме да разговараме и заедно да ги дискутираме сите прашања, како во рамки на министерството за економија и труд, така и преку Економско-социјалниот совет (ЕСС), посочи тој.

Поврзани вести

Нема поврзани вести

Останати вести од Финансии

Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Рзвојната банка ја префрли првата транша од 10,4 милиони евра средства наменети за поддршка на домашните компании. Трансферот беше реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки. Имено, во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност. „Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост. Тоа ќе биде силен поттик на домашната економија и поддршка особено имајќи ги предвид понеповолните услови во глобални рамки“, напиша министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на својот ФБ профил. Таа додава дека Министерството за финансии и Владата остануваат посветени партнери на бизнис секторот.