Економија 25.01.2019 18:51

Роберто Азеведо од Давос: Светската трговија е во опасност

Роберто Азеведо од Давос: Светската трговија е во опасност

Директорот на  Светската трговска организација (СТО), Роберто Азеведо предупреди дека светската економија ќе потоне во мрачни времиња без слободна трговија.

„Доколку СТО и системот за глобална трговија се изгубат од вид, ние ќе бидеме во мрачни времиња, го тврдам тоа“, порача Азаведо во говор на состанокот на Светскиот економски форум во Давос.

Со неговото предупредување се сложува и Европската комесарка за трговија, Цецилија Малмастром.

„Има земји кои дејствуваат по сопствено убедување, ги игнорираат глобалните правила и го потопуваат системот на глобалната трговија“, рече таа.

Светскиот економски форум во Давос,Швајцарија на кој присуствуваат министри, премиери и директори на најголемите светски корпорации завршува денеска.