Во следните шест месеци Романија ќе треба да ја координира Европска унија при излегувањето на Велика Британија од европскиот блок, потоа изборите за Европски парламент, кои ќе го одредат составот на новата Европска комисија, а ќе се водат и преговори за финансиската рамка во периодот од 2021 до 2027 година.
Покрај тоа Букурешт ќе треба да продолжи да се бори за доверба кај европските партнери кога станува збор за правна држава и да ја продлжи борбата против корупцијата.
Мотото на романското претседавање е „Зближувањето – заедничка европска вредност“. Букурешт во следните пест месеци во центарот на претседателствувањето го става „европскиот граѓанин“ и најави фокусирање на политиките кои имаат директен и позитивен ефект вез животот на луѓето, кои живеат на територијата на ЕУ.
Романија најави дека ќе се залага за повеќе интеграција односно „за една унија, а не за неколку“. Романската премирка Виорика Данчила при претставувањето на приоритетите на претседателствувањето истакна дека треба да се надминат поделбите помеѓу старите и новите членки на Унијата, помеѓу Истокот и Западот.
Меѓу приоритетите на Романија во следните шест месеци е и интеграција на Западен Балкан, како и Источното партнерстви и напорите за приближување на ЕУ до Молдавија, Украина и Грузија. (МИА)