Актуелно 30.09.2018 23:49

Росоклија: Неделна ноќ посветла од ден, браво Македонијо!

Росоклија: Неделна ноќ посветла од ден, браво Македонијо!

Професорот на Универзитетот Колумбија, Горазд Росоклија преку својот Фејсбук профил се произнесе за денешниот референдум. За него Македонија и Македонците ја пишуваат историјата на Европа.

Во продолжение Фејсбук статусот на Горазд Росоклија:

НЕДЕЛНА НОЌ ПОСВЕТЛА ОД ДЕН

Денес, Македонија и Македонците ја пишуваат историјата на Европа, а можеби и првата страница од еулогијата на ЕУ.

Македонија е земја на велик народ и мали луѓе во улога на лидери кои судбината на земјата и народот ги жртвуваат за своите приземни интереси.

Луѓе кои во САД не би излегле од затвор заради криминал, поддржани се од САД и ЕУ како политички лидери за да го спроведат македонскиот холокауст на 21 век.

И не само овие, и тие пред нив, како и ,,столбовите” во националните институции кои секоја година ги гледаме во ред за лигавење.

Националното самоубиство кое ни го нудат не е и не може да биде лек за проблемите на Македонија.

За нас Македонците поразот во оваа борба не постои како опција.

Националниот идентитет се гради со генерации и се брани со генерации.

Браво Македонијо!