Економија 12.09.2018 10:06

Рударите ќе заминуваат во пензија на околу 50-годишна возраст

Рударите ќе заминуваат во пензија на околу 50-годишна возраст

Рударите ќе се пензионираат само со работен стаж. Жените со 35 години, а мажите со 40-годишен работен стаж, а за тоа се изготвени и законски измени, информира денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

На денешната седница, како што потенцира министерката била усвоена точката за измени и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување што им овозможува бенфициран стаж на рударите.

– Со досегашниот закон тие би заинувале во пензија на околу 58 годишна возраст, а со новиот закон тие ќе заминуваат во пензија на околу 50 години,

Таа посочи дека сега за секоја година пропорционално ќе им се пресметува бенифицираниот стаж и така побрзо ќе навршат 40 години бенифициран стаж и ќе можат да заминат во пензија.

– Се очекува во 2019/2020 година околу 100 лица да го остварат пензионирањето врз основа на ова законско решение, нагласи Царовска.

Министерот за економија Крешник Бектеши посочи дека рударството е многу значајно за индустриското производство во Република Македонија.

– Како сектор учествува со 8,31 отсто од индустриското производство, а директно и индиректно вработува над 10.000 граѓани во Република Македонија, посочи Бектеши.

Тој наведе дека ќе се работи и за дополнување и изменување на законот за минерални суровини.