Русија ги надмина Соединетите држави според испораките на , природен гас во Европа, и покрај обидите на земјите од регионот да се откажат од рускиот енергенс, пишува Financial Times повикувајќи се на податоците од аналитичката компанија ICIS.
„Увозот на гас од Русија во Европа во мај ги надмина испораките од САД, и покрај напорите на регионот да се откаже од руските фосилни горива… Иако овој пресврт беше поттикнат под влијание на посебните околности, тој ја истакнува сложеноста на напорите за натамошното намалување на зависноста на Европа од рускиот гас, бидејќи некои источноевропски земји остануваат зависни од увозот од соседната земја“, се наведува во
Според податоците на ICIS,уделот на испораките на течен природен гас (LNG) од Русија изнесувал 15 отсто од вкупниот обем на увозот во Европската унија, како и во Велика Британија, Швајцарија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија. Истовремно, уделот на американскиот LNG во увозот на споменатите земји изнесувал 14 отсто, што најниското количество од август 2022 година.
Се наведува дека таквата ситуација е поврзана со „еднократните фактори“, како на пример исклучување на големиот извозен објект за LNG во САД. Сепак, таквата состојба, веројатно е дека ќе продолжи извесно време, бидејќи Русија летово може да испорачува LNG по Северната поморска рута во Азија, се додава во проценките на аналитичката компанија.
Во март 2022 година, нецел месец по руската инвазија во Русија, ЕУ го разработи планот RePowerEU, кој вклучува мерки за постепено намалување на увозот на енергенси од Русија, подобрување на доверливоста на снабдувањето со енергија и поддршка на зелената транзиција.
Во мај оваа година, челникот на белгиското Министерство за енергетика, Тине ван дер Стратен, изјави дека земјите од ЕУ почнале да разговараат за целосно запирање на увозот на енергенси од Русија на европскиот пазар, и спомена пречки кои ја попречуваат реализацијата на таа намера. Истовремено, според медиумските извештаи, Унгарија се противи на воведување нови ограничувања за увоз на руски ергенси, вклучувајќи го и предлогот за LNG како дел од планираниот 14-ти пакет санкции. Според истите извори, Будимпешта предупредила дека може да ги блокира сите одлуки кои би можеле да доведат до повисоки цени на енергијата во Европа.