Додека надлежниот министер Љупчо Николовски оди по разно разни форуми промовирајки ја неговата „ЌЕ“ Стратегија во видот на виртуелни Гарантни фондови, и зелени нафти кои никако да дојдат до земјоделците, а неговиот колега директорот на земјоделскиот инспекторат гостува по синдикални игри изигрувајки ВИП личност, на оние малку пазари што ни останаа ни ги враќаат земјоделските производи и не ставаат на листи на земји со карантински болести од каде што увозот е ризичен.
Имено за што се работи:
Руските надлежни органи соопштуваат дека во градот Калинград вратени се 17 тони домати кои потекнуваат од Македонија од причина што се заболени од карантинска јужно американска болест, истата болест е потврдена по извршена лабараториска анализа.
Нашите овластени органи за овој инцидент молчат, и немаат намера да се огласат ни со едно штуро соопштение во кое ке дадат образложение за инцидентот кој ги загрозува извозните активности на Република Македонија и ствара дополнителни потешкотии и паѓање на цената на откупот при тоа директно загрозувајки ја егзистенцијата на земјоделците.