Јужна Кореја покрена спор пред Светската Трговска Организација (СТО) против САД, поради воведување на царински давачки при увоз на машини за перење алишта и соларни панели.
Министерството за трговија, индустрија и енергетика, на Јужна Кореја наведува дека доставило барање за билатерлани консултации со американската страна како би почнал процесот за решавање на спорот, пренесе Ројтерс.
Доналд Трамп во февруари значајно ги зголеми тарифите на увоз на машини за перење и соларни панели поради заштита на американските произведувачи.
Јужна Кореја во април планира суспензија на царините при увоз на американска стока вредна 480 милиони долари.