Економија 28.06.2018 13:30

САД побараа од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта, ако сакаат да избегнат санкции

САД побараа од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта, ако сакаат да избегнат санкции

САД побараа од сите земји да го прекинат увозот на иранска нафта до 4 ноември, доколку сакаат да ги избегнат американските санкции воведени по повлекувањето на САД од меѓународниот договор со Иран за нуклеарната програма, изјави висок официјален претставник на САД.

– Тоа е еден од нашите главни принципи за национална безбедност. Нема да одам до таму да кажам дека дефинитивно ќе има нулта исклучоци, но нашиот став е не одобруваме исклучоци, вели претставникот на Стејт департментот, кој побарал анонимност, јавија западни медиуми.

Запрашан дали сите земји треба целосно да престанат да увезуваат нафта од Иран до 4 ноември, тој одговори потврдно.

Американскиот претседател Доналд Трамп на 8 мај објави дека САД се повлекуваат од меѓународниот нуклеарен договор со Иран од 2015 година.