Иако млади момчиња почнале со оваа работа како хоби, со цел да заработат џепарлак, денес тоа е бренд во БиХ.
Станува збор за брендот Bosnian Kingdom Clothing кој има продавници во Сараево и каде се нуди облека со мотиви од земјата.
Тие нудат облека со мотиви од земјата и познати историски личности.
Пред шест години идеја за еден ваков бизнис имале Фарис Никшиќ и Ведад Кичевиќ, двајцата од Сараево.
Прво почнале со онлајн продажба, а три години им биле потребни за да го отворат првиот дуќан.
На почетокот нуделе само машка облека, а денес имаат и женска гардероба.
Денес имаат шест редовно вработени и неколку соработници.
На патот кон успехот ги поддржале повеќе јавни личности.