Мозаик 20.09.2018 18:58

Сакале да заработат џепарлак, но создадоа бренд

Сакале да заработат џепарлак, но создадоа бренд

Иако млади момчиња почнале со оваа работа како хоби, со цел да заработат џепарлак, денес тоа е бренд во БиХ.

Станува збор за брендот Bosnian Kingdom Clothing кој има продавници во Сараево и каде се нуди облека со мотиви од земјата.

Тие нудат облека со мотиви од земјата и познати историски личности.

Пред шест години идеја за еден ваков бизнис имале Фарис Никшиќ и Ведад Кичевиќ, двајцата од Сараево.

Прво почнале со онлајн продажба, а три години им биле потребни за да го отворат првиот дуќан.

На почетокот нуделе само машка облека, а денес имаат и женска гардероба.

Денес имаат шест редовно вработени и неколку соработници.

На патот кон успехот ги поддржале повеќе јавни личности.