Актуелно 26.06.2018 12:33

Самак: Меркел бара кампови за бегалци за датум за преговори во ЕУ за Македонија

Самак: Меркел бара кампови за бегалци за датум за преговори во ЕУ за Македонија

За поранепниот министер за странски инвестиции Веле Самак итниот состанок на Европската Унија за новата криза со мигранти е обид за спас на германската канцеларка Ангела Меркел.

Според Самак Меркел се обидува да најде решение за кризата која се очекува набрзо повторно интензивно да го зафати европскиот континтент.

Екс министерот тврди дека на состанокот германската канцеларка побарала прифатни центри за мигранти во земјите од Балканскиот полуостров, конкретно Македонија, Албанија и Србија, а за возврат тие да добијат датум за почеток на преговорите со Унијата.

Во извештаите на западните агенции не се споменува Македонија туку Албанија и неколку африкански држави а Самак тврди дека земјава не се споменува поради лошиот договор за името.

-ЕУ мини-самит за спас на Меркел ради мигранти: Меркел ќе бара азил- центри во Албанија, Македонија, Србија. За возврат почеток на преговори со Албанија, Македонија. Ради деликатноста со геноцидниот договор Македонија не се спомнува јавно, напиша Самак.

извор:Експрес.мк

Најнови вести