Љубовта не се храни сама со себе
И не постои само за да се зборува за неа со бројки или време. Препознавам кондиционал и идно време. Поточно, сите времиња. Но, користам само едно време. Сегашно време. Ова што е СЕГА. ГО ЉУБАМ.
Ги познавам и нив. Жените. Тивките борци. Тие можат да го сведат животот на броеви и на време. Тие можат да им се препуштат на пресметките, наоѓање на нешто што им припаѓа како по правило.
Безбедност, љубов, топол дом, пари? Што им е најпотребно на самохраните мајки?
Една таква ја следам веќе долго време. Поточно, ние се следиме една со друга. Ќе заталкаме во друг свет. Таа пристигнува во мојот кога ќе стаса, јас во нејзиниот кога ќе ми затреба. Лекција. За борбата. И се поддржуваме една со друга. Разговараме. Не секогаш на кафе, бидејќи таа нема време за тоа, затоа го користиме фејсот. Таа ми вели дека сака да чита, но не стигнува. Јас ѝ велам дека сакам деца. Но, сѐ уште ги немам. Се согласивме дека би било добро да седиме една до друга. Таа малку да се одмори, а јас да ѝ читам на нејзината принцеза. Веќе четири години поминаа. Сфативме, читајќи си една на друга линии на животот како двете наскоро, во некое друго време што доаѓа, да уживаме во она што го немаме. Таа во книгите, јас во децата.
Таа ми ги отвори своите линии на животот. Всушност, била доволна едната – линија на љубовта, која ја покрива целата дланка.
СК (34)
Јас сум самохрана мајка. Разведена жена. Тоа сум, ете тоа сум во нивните очи. Имам една љубов. Поранешната. Заборавена. Од таа љубов едно дете. Неа. Имам изнајмен стан и два кредити. За стан. Денес неговиот, некогаш нашиот заеднички. И еден мој. Додава, грешка од младоста. Јас имам и работа. Која ми ги плаќа сметките. Не е сигурна, но кажете ми, што е денес воопшто сигурно?
Кажи ми, дали имаш љубов?, ја прашувам.
Ќе имав ако … Но … Посакувам да сум …
Ајде, кажи ми во сегашно време, те молам.
Денес? Немам. Тешко е да се пронајде маж кој (освен тебе) ќе го прифати и твоето дете. Кој ќе разбере дека не си (секогаш) со својот избор тоа што си. И дека неможеш секогаш да бидеш на располагање. Слободна. Средена. Тука, за него. Мажите сакаат едноставни жени. Претпоставувам дека тоа го знаеш. Самохраните мајки и да сакаат не можат да бидат едноставни. Затоа што мора да бидат и татко и мајка. И најдобар пријател. Знаеш сѐ … Затоа не барам љубов. Не за себеси да си олеснам, туку ним.
И никогаш не си се обидела?, продолжувам.
Сум. Кога ќе запознаеш некој, не е нормално (барем не за мене) веднаш во првата минута на запознавање да кажеш: „Чекај, еј чекај, јас имам едно дете”. Дали ќе зборуваме понатаму или …? Овозможуваш нештата самите да се развиваат. А како се развиваат сфаќаш дека не си ги отворил сите карти, односно картата која можеби е онаа најважната. И тоа те јаде. Од внатре.
Тогаш?
И тогаш ќе откриеш. Да. Некои бегаат. Претежно бегаат. Јас го почитувам тоа. Подобро е така, конечно, најискрено. Некои остануваат, но на крајот ќе сфатат дека тоа за нив е “премногу …
Дали сѐ уште веруваш во вистинска љубов?
Драга моја, само во неа и имам доверба. И во мојата мала принцеза.
“Самохрани мајки. Тивки борци. Велат дека се најсилни оние жени кои на грб го носат крстот поголем од нив самите. Си помислив, што е тогаш со оние жени кои не го носат својот крст на грбот, туку во стомакот, под срцето? Која е нивната сила? Ако ме прашувате мене огромна. Таква е силата и клетвата и светоста.”
За љубов не постои друг пат од сегашниот. Сакам. И без бучава, чекање и читање меѓу редовите. Доволно е што се сретнав со една жена која сака во сегашно време. А можела да зборува во перфект: ” Би можела да сакам да остане. Ако знаеше да остане … ”
Доволна ми е таа. За сите други жени кои следеа. А ги имаше. И уште ги има.
Тивки борци.
Еднаш веќе пишував. За страстните жени. Зборував дека таквите жени се како мостови. И дека ако бидеш мост секој ќе те гази. Сепак, овие жени, и да сакаа, не можат да направат емоциите да им бидат студени и неми, а сакаат кога откриваат нови начини и кога сведочат на транзицијата од обичниот живот во автентичен. Тие сакаат, кога сакаат. Тоа најдобро го прават.
Таа е секогаш насмеана. Нејзината насмевка не е како насмевката на вештачките жени од телевизија. Нападната насмевка и бесрамна. Овој е суптилен, но реален. И малата има иста насмевка.
Јас сум самохрана мајка. Но, јас го сакам мојот живот и не би го менувала за ниту еден друг.
Се разбира, дека ѝ верував. Таква жена никогаш не би користела лаги на таков свет начин.
Некои од нас се веќе мајки. Некои ќе станат мајки.
Некои од нив се самохрани и сѐ мораат сами, а други се во безбедни врски и ја имаат сета помош на овој свет.
Без разлика која животна приказна нѐ снајде не престануваме да веруваме во неа. Госпоѓата љубов. Впрочем, како што ние ја сакаме љубовта, така ќе го сакаме и нашето дете.
За љубовта каква што денес ја знам “виновна” е мајка ми. Таа секогаш ми зборуваше дека само слабаци поставуваат услови. И дека ние можеме да се бориме и без оружје во рацете. Ќе го учиме на тоа и своето дете.
Оние кои веруваат во љубовта нема да се откажат.
Слабите, нарцисите и слаткоречивите типови се мажи на кои ниту една самохрана мајка не би требала да троши драгоцено време.
Вие ги нарекувате самохрани мајки. Јас ги нарекувам тивки борци.
Зошто? Затоа што кога тие сакаат, сакаат!