Актуелно 17.12.2018 15:50

„СДСМ донесе црнила за граѓаните, Заев ја погази македонската економија, со намера да го држат општеството во заложништво“

„СДСМ донесе црнила за граѓаните, Заев ја погази македонската економија, со намера да го држат општеството во заложништво“

Октроираната власт за неполни две години ја зави Република Македонија во Црнила. Оваа власт за една намена не е свесна дека Македонија е вечна, а власта не е! Ја вратија Република Македонија во едноумие, со закани, со повикувања на информативни разговори, со притисоци, со бркања од работа. Зоране Заев, замислен монарху, излези на ТВ дуел со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, соочи се со опозицијата, соочи се со критиката, со вистината за штетните политики кои што ги спроведуваш, со девастацијата во која ја туркаш Република Македонија, изјави на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски кој додаде:

„Нема гранка, нема сектор, нема дејност во македонското општество која не се чувствува излажано и втурнато во темница. Криминогената власт на аболираниот Зоран Заев севкупно ја погази македонската економија, со намера да го држат општеството во заложништво. Едно Евро Заев знае дека економски силна држава е достоинствена држава и нема да биде подложна на сите обмислени неправди, омаловажувања и национални понижувања што ги предизвикува оваа хунта на власт предводена од аболиран политичар врз македонското општество и држава.“

Стоилковски потенцираше дека пет процентниот раст на економијата е најголемата црна лага- нема инвестиции, нема нови работни места, нема реализација на капитални проекти, економијата не мрда.

„Земјоделството го уништија, останаа плодовите без пласман, а земјоделците без пари. Ја покачија акцизата за три денари, го поскапеа горивото, лебот поскапува, а во својата забеганост ќе речат дека поскапел само најевтиниот леб, и дека немаат намера да реагираат! Ете таков е односот на оваа однародена власт.“

-Ги креваат само даноците кои дополнително ќе го осиромашат народот и дополнително ќе ја втурнат државата во темнина и економско заложништво! Помпезниот буџет за следната година нема да се полни со реализација на економија врз реализација на проекти, визија и структурни реформи. Напротив хунтата ќе го полни со земање на пари од граѓаните, со осиромашување на земјоделците, оние кои издаваат недвижнини, оние кои играат игри на среќа, договорци на дело, со зголемување на персоналниот данок. Удираат директно врз граѓаните, врз работниците, врз економски ранливите категории, подвлече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Однародената криминогена хунта за секоја критика реагира со жестока санкција, на секое укажување следува казна. Тоа не е европска вредност, тоа е едноумие. Во тоа едноумие, од работа истераа висок член на опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што вон работно време им ја критикувал штетната политика во земјоделството. Ништо нема да го сопре и замолкне ВМРО-ДПМНЕ да зборува за неправдите кои се случуваат за вековното и уставно име, името на нацијата, на јазикот. И тоа не е антизападна вредност. Антизападно е едноумието кое се спроведува, насилието врз критичката мисла, теророт врз референдумското изјаснување, економското опустошување на една државата и народот.“

Стоилковски повторно ги истакна барањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ:

ВМРО-ДПМНЕ инсистира, од власта веднаш да си замине Оливер Спасовски- заради нерасчистени убиства, криминал, корупција, Црниот Вотергејт!

ВМРО-ДПМНЕ инсистира на неотповиклива оставка на Никола Димитров- човекот се срами од сопствената според него искомплексирана нација и е недостоен да биде министер за надворешни работи.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира- веднаш безусловно да се повлече предлогот за зголемување на даноците и да престане економското опустошување на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се почитува волјата на граѓаните јасно искажана на 30-ти септември за време на референдумот.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира на формирање комисија која што ќе ги истражи сите разговори снимени од аферата црниот Вотергејт на Зоран Заев и Оливер Спасовски, со сниманите обвинители и судии во насока нарачаните обвиненија и судски одлуки. Затоа ги слушале 2 години.

И ВМРО-ДПМНЕ инсистира за вистинска грижа за здравјето на граѓаните веднаш, со продолжување на проектот за гасификација.
Почитувани, ќе светне денот кога зората ќе го победи темнилото, ќе ги победи црнилата. Застанете заедно со нас да ги поразиме црнилата на криминогената власт. Ќе ги поразиме на следните претседателски избори, а потоа следува и нивен пораз на предвремени избори, допрецизира Стоилковски.