Актуелно 10.12.2018 18:45

„СДСМ ќе одговара затоа што ја зацрни државата и ја остави нефункционална скоро две години“

„СДСМ ќе одговара затоа што ја зацрни државата и ја остави нефункционална скоро две години“

Република Македонија не била во поголема правна провалија од осамостојувањето до денес. Црнилото во кое е втурната државата резултира со Кацарска судство и Русковска обвинителство поради кои нема правда, туку само политички диктирани пресуди, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Државата е зацрнета. Република Македонија е единствена држава во Европа во која обвинители се прислушувани, тоа не е одраз на правна држава и демократија, тоа е одраз на заробена држава. Обвинители и судии кои биле прислушувани не можеле да носат независни и непристрасни обвиненија и пресуди. Република Македонија со СДСМ на власт стана држава во која е опасно да се живее. Министерот за прогон Спасовски откако е на чело на министерството има девет неразјаснети убиства. Земјоделието е во целосен хаос. За повеќе земјоделски култури како доматите, зелката, сливата, јаболката, пченицата и оризот немаше откуп, а за одредени култури цената беше под производствената трошоци, што е целосно нерентабилно, стои во реакцијата и се додава:

„Образованието е оставено на страна, нема инвестиции, ниту проекти. Младите кои беа главен фокус во предизборната кампања на СДСМ пред две години се најмногу оштетени од владеењето на СДСМ. Иселените не само што не се вратија, туку дополнително голем број граѓани се иселуваат секојдневно од сите краишта на државата. Здравството е во општ хаос. Безидејноста на власт се гледа на секој чекор, а ова министерство се користи само како средство за делење на тендери. СДСМ ја зацрни државата и затоа треба да одговара. Државата е нефункционална скоро две години. Ова црнило мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ  ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со овие штетни политики да ни се придружат на протестниот марш во среда во 17  часот во Скопје, кој ќе започне од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија. Да го испратиме СДСМ во историјата. Зората мора да ја победи темнината“.