Актуелно,Економија,Живот 10.07.2018 11:51

Се бара работна сила – германската влада најави нов закон за доселување

Се бара работна сила – германската влада најави нов закон за доселување

Германската влада сака уште годинава да поднесе нов предлог закон за доселување. Коалиционите партнери постигнаа согласност, но сѐ уште е нејасно како ќе изгледа законот.

Со т.н. сина карта за странски работници во Германија работат речиси 77.000 висококвалификувани доселеници од држави кои не се членки на ЕУ

Во Германија има над 50 различни дозволи за престој. Има визи за уметници, дозвола за привремен престој, дозвола за траен престој, сина карта на ЕУ за висококвалификувани работници и уште многу прописи и правила. Закон за имиграција во Германија не постои.

Основно барање на СПД

Барање да се донесе закон за доселување со години е една од главните точки во програмата на СПД, но тоа секогаш наидуваше на отпор кај коалиционите партнери во ЦДУ и СПД. „Германија не е доселеничка земја”, е ставот на конзервативците. Подоцна законот за доселување беше блокиран поради фактот дека има толку многу законски прописи поради што не е потребен посебен закон.

Социјалдемократите пак гледаат сосем поинаку: „Постечките регулативи за доселување се бирократско чудовиште“, коментира политичарот на СПД, Буркарт Лишка за ДВ. За да може Германија да биде конкурентна на пазарот за привлекување странски квалификувани работници, потребен ѝ е „едноставен, јасен и разумен закон за миграција

Досели се да работиш, а не да примаш социјално

Во меѓувреме партиите на Унијата се подготвени да разговараат за законот за имиграција, но не под тоа име. „Основната насока ја нуди коалицски договор, а таму зборуваме за закон за доселување на квалификувани работници“, нагласува Филип Амтор за ДВ. Пратеникот на ЦДУ во Бундестагот и член на Комисијата за внатрешна политика вели дека за него и за целата Унија имиграцијата значи: доселување на работници. „Ние немаме баш мала миграција“, вели Амтор.

Идниот закон за доселување најверојатно ќе ги поедностави постоечките правила за работа и живот во Германија.