Актуелно 03.08.2018 12:50

Се борат за власт а молат бога да не ја освојат

Се борат за власт а молат бога да не ја освојат

Колумна на У-проф.Панче Жежовски

Во некое старо време многу одамна , во некое село немале поп, не дека немало попови, имало , имало , но селаните барале посебен поп кој ке имал блиска врска со Господ , за да може секоја желба на селаните да им биде исполнета , кога ке посакале да врне дожд да врне , кога ке посакале да не врне да не врне , кога ке посакале сонце да грее , сонце да ги огрее. По долго време чекање се јавил некој да им биде селски поп, и им кажал дека е испратен од Господ да им биде селски поп, селаните биле многу среќни што им дошол поп и тоа испратен од Господ,и го запопиле. Новиот поп утредента се фатил за работа, и сите селани ги собрал кај селската чешма сред село, и ги прашал селаните ДАЛИ САКАТЕ ДА ВРНЕ ИЛИ СОНЦЕ ДА ВЕ ОГРЕЕ? НЕКОЈ САКАЛЕ ДА ВРНЕ ДОЖД, ДРАГИ САКАЛЕ ДА БИДЕ СОНЦЕВО, НАСТАНАЛО РАСПРАВИЈА ѓп И НИКАКО ДА СЕ ДОГОВОРАТ , па на насобраните селани им рекол ДЕКА ВИЕ ДА СЕ ДОГОВОРИТЕ ЈА КЕ ВЕ ЧЕКАМ ГОРЕ ВО СЕЛСКАТА ЦРКВА , ПА ДОЈДЕТЕ ДА МИ КАЖЕТЕ ШТО ДА НАПРАВАМ. Дали тоа и нам ни се случува во овие тешки неизвесни времиња почитувани граѓани , кој бараме лидер кој ке биде голем пријател со НАТО и ЕУ или со ЕВРОВИЗИСКАТА ОРИЕНТАЦИЈА и СТРАТЕШКИ СОЈУЗ СО РУСКИОТ НИ БРАТСКИ НАРОД со надеж дека ќе ни ги решат сите потреби како од социјално-економските така и од безбедносно воено стратешки , ние за ништо да не се грижиме ке си уживаме во благодетите и се ке ни тече мед и млеко. На политичката сцена сведоци сме како секојдневно ни се презентираат разно разни програмски определби од таканаречените лидери со едно исти програмски политички опции , како од домашни така и од надворешни белосветски потрчковци , финансирани како од домашни така и од надворешни белосветски центри на мокни финансиери , кој дебело плаќаат за да си ја завршат работата за што се платени како такви , лаат ли лаат да ги оправдаат парите кој ги добиле како донација , и спремни да направат разноразни сценарија од типот еве ние се ке направиме за Вас почитувани граѓани да ве заштитиме. И така секојдневно ги гледаме те едно исти фаци како од петни жили ги промовираат нивните едно исти програмски определби каде што ветуваат се и сешто во колку ја добијат нашата доверба ке потече мед и млеко , без да размислат дали сето тоа што го ветуваат дали е издржано и оддстварливо за тоа ич не им е гајле , на нив им е битно да си ги постигнат зацртаните цели пред се лични и теснопартиски интереси , не бирајки ни средства ни начин како да ја постигнат својата зацртана цел , не водејки сметка дали ке иде на нивна лична штета или на штета на Граѓаните. За нив е битно да си обезбедат влез во парламентот пред се како единка и таму одвреме навреме популистички се однесуваат , свесни дека како единка нема ништо да можат да направат , за што ке си имаат оправдување ЕВЕ ЈАС ПРАВАМ СЕ ДА ВИ ГО РЕАЛИЗИРАМ ПРЕДИЗБОРНОТО МОЕ ВЕТУВАЊЕ , НО ШТО ДА ПРАВАМ КОГА НЕ МОЖЕВМЕ ДА СЕ ДОГОВАРАМЕ ДА ИМАМ ПОВЕЌЕ ПРАТЕНИЦИ КОЈ ЌЕ МЕ ПОДДРЖУВААТ ДА ГИ РЕАЛИЗИРАМЕ СИТЕ ВЕТУВАЊА , И ПАК ВИНАТА КЕ ЈА ФРЛАТ НА ГРАЃАНИТЕ ДЕМЕК НЕ ИМ ДАЛЕ ДОВОЛНО ДОВЕРБА , истата на попот со селаните кој неможат да се договорат дали да врне или сонце да грее , ТОЕСТ ДАЛИ САКАТЕ ДА СЕ ВИКАТЕ СРЕДНА , ГОРНА , ДОЛНА , ВЕРДАРСКА И УШТЕ НЕ ЗНАМ КАКВА МАКЕДОНИЈА , ДАЛИ САКАТЕ НАТО ЕУ ИЛИ ЕВРОВИЗИСКАТА ОРИЕНТАЦИЈА И СО СТРЕШКИ СОЈУЗ СО БРАТСКИОТ НИ РУСКИ НАРОД , ДАЛИ ДОГОВОРОТ СО ГРЦИЈА И БУГАРИЈА Е ДОБАР ИЛИ МНОГУ ЛОШ , вакви и слични пораки секојдневно ги слушаме пред собранието на Република Македонија од таканаречените лидери месии-спасители кој порачуваат да не се одржи РЕФЕРЕНДУМСКОТО ИЗЈАСНУВАЊЕ или ДА СЕ ОДРЖИ , исто како попот што им рекол на селаните: ДАГОВОРЕТЕСЕ ПА ДОЈДЕТЕ ДА МИ КАЖЕТЕ ШТО ДА НАПРАВАМ а дли ке падне договор оста ува да севиди , по се изгледа никогаш. Не е тешко да се направи партија , тешко е да се одржи како таква. Не е тешко да се освои власта , тешкое да ја одржиш како таква , А ОД СЕ НАЈМНОГУ САКААТ ДА ВЛЕЗАТ ВО ВЛАСТА А МОЛАТ БОГА ДА НЕ ЈА ОСВОЈАТ ВЛАСТА , СВЕСНИ ДЕКА КАКО ЕДИНКИ КЕ СИ ДРЕМАТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ КЕ СИ ГИ УЖИВААТ СИТЕ БЕНЕФИТИ НА ГРБОТ НА ГРАЃАНИТЕ КОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ДОГОВОРАТ ДАЛИ ВО НАТО ЕУ ИЛИ ВО ЕВРОВИЗИСКАТА ОРИЕНТАЦИЈА И СО СТРЕШКИ СОЈУЗ СО РУСКИОТ НИ БРАТСКИ НАРОД , ДАЛИ ДОЖД ДА ВРНЕ ИЛИ СОНЦЕ ДА НЕ ОГРЕЕ.

Наравоучение: СКАРАЈ ПА ВЛАДЕЈ

 

Најнови вести