Економија 11.07.2018 15:48

Се распламнува трговскате војна: САД подготвуваат нов круг царини, Кина крои одмазда!

Се распламнува трговскате војна: САД подготвуваат нов круг царини, Кина крои одмазда!

Aдминистрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп подготвува зголемување на царините за уште 200 милијарди долари увозни стоки од Кина, на што Пекинг остро реагираше осудувајќи ја новата закана на Вашингтон и вети мерки на одмазда.

Канцеларијата на американскиот трговски претставник објави ноќеска листа на повеќе од 6030 кинески производи и предложи воведување 10 процентни царини на нив.

Канцеларијата овој план ќе го стави на јавна распрва и ќе донесе одлука за него после 31 август , според зборовите на висок претставник на администрацијата кој дал информација до новинарите под услов да не биде именуван.

Кина итно одговори на овој потег на САД, оценувајќи дека новите закани претставуваат „целосно неприфатлива„ ескалација на нивната трговска битка и порача дека со сите мерки ќе ги штити своите „суштински интереси“.

„За да ги заштити клучните интереси на државата и нашиот народ, кинеската влада ќе биде приморана да воведе неопходни контрамерки“, наведува кинеското Министерство за трговија. Министерството не дало никакви детали за потенцијални мерки на одмазда, но Пекинг претходно се закани дека тие ќе бидат „сеопфатни“.

Тоа ги поттикнало стравувањата дека тие мерки би можеле да одат чекор понатаму од возвратните тарифи и дека ќе задирнат во сферата на корпоративни забрани што би го нарушило бизнисот на американските компании во Кина, наведува АП.

Спиралата на америчко-кинескиот трговски конфликт, кој изби поради незадоволството на САД за кинеската технолошка политика, според мислењето на бројни светски економски и финансиски организации можела да го „излади“ глобалниот економски раст.

Минатиот петок, САД воведоа 25 проценти тарифи на 34 милијарди долари на увозни кинески производи, а Пекинг експресно одговори на контрамерките на американскиот увоз за истата вредност.