Финансии 18.10.2023 11:16

Се забранува наплатата на „најчестиот“ багаж во авионите во Европа

Се забранува наплатата на „најчестиот“ багаж во авионите во Европа

Европската унија (ЕУ) размислува за решавање на неконзистентните правила на авиокомпаниите – поврзани со рачниот багаж. Предлогот за резолуција за стандардизирани димензии на рачниот багаж беше поднесен на крајот на септември годинава.

Според соопштението на Европскиот парламент објавено неодамна, „Законодавството на ЕУ за правата на патниците во воздушниот сообраќај треба да се ревидира за да се обезбеди решение“, со што ќе се осигури дека патниците кои летаат на различни авиокомпании или треба да ги променат своите летови – да не наидат на збунувачки такси за превоз.

Во новата резолуција се предлага и укинување на доплатата. Дополнително, предлогот ставен на гласање ја нагласува потребата да се дефинираат соодветните димензии и тежина на багажот.

Патем, луѓето што често летаат знаат колку може да бидат збунувачки различните правила за рачниот багаж, особено ако се префрлате: тоа ја зголемува можноста за неочекувани такси за качување во авион.

Затоа ЕУ ги повикува авиокомпаниите да дадат јасни информации за дополнителни такси, како што се таксите за избор на седишта. Во предлог-резолуцијата стои:

„Хармонизирањето на барањата на ниво на ЕУ за големината, тежината и видот на рачниот и чекираниот багаж за сите авиокомпании кои работат во ЕУ ќе ја подобри транспарентноста и заштитата на потрошувачите за сите што патуваат со авион.

Дополнително, ЕУ ги повикува државите да ги спроведат одлуките на Европскиот суд на правдата од 2014 година за рачниот багаж. Судот утврди дека рачниот багаж е најсуштинскиот предмет за патниците и не треба да подлежи на дополнителни трошоци, под услов таквиот багаж да е во разумни граници на тежина и големина и е во согласност со релевантните безбедносни прописи.

Очекувано, ирската нискобуџетна компанија Рајанер се противи на предлогот на ЕУ.

Најнови вести