Актуелно 29.03.2019 10:24

Седница на анкетна комисија и три собраниски комисии

Седница на анкетна комисија и три собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, Комисијата за европски прашања, Комисијата за труд и социјална политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот е усвојување  заклучоци од шестата седница на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието одржана на 19 јули 2018 година

Комисија за европски прашања на седницата ќе ги разгледа Предлог – законот за Судскиот совет на Република Македонија, Ивештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог-законот за акцизите и Предлог-законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, сите во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика  ќе го разгледа Предлог-законот за социјалната заштита, по скратена постапка, Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, по скратена постапка и Предлог-законот за социјална сигурност за старите лица, по скратена постапка, сите во второ читање.