Правилата за полнење на батеријата на нашите мобилни телефони значително се променети во последниве години.
Постојат многу тврдења за тоа што е добро или лошо за животниот век на батеријата на мобилниот телефон, но дали сите се вистинити?
Ова се петте најчести заблуди кога станува збор за траењето на батеријата:
1. Батеријата треба да биде празна или целосно празна пред полнење.
Ова важи единствено ако сте корисник на никел-кадмиумски батерии чиј капацитет се намалува ако мобилниот телефон премалку или почесто се полни. Литиумските батерии, какви што се користат во модерните паметни телефони, со тоа немаат проблем.
2. Користењето на полнач кој не сте го добиле со уредот и штети на батеријата.
Нема погрешен полнач кога станува збор за модерен паметен телефон кој се полни со помош на „USB“ приклучок. Разликата исклучиво е во брзината на полнење, затоа што сите мобилни уреди немаат можност за брзо полнење.
3. Новите смартфони е потребно прв пат максимално да се наполнат.
Денеска не, тоа беше пракса пред литиумските батерии. Сега секој корисник самостојно одлучува дали сака до крај да го наполни уредот и притоа не треба да се грижи дали одлуката ќе влијае на капацитетот на батеријата.
4. Честото приклучување и исклучување на мобилниот телефон го намалува животниот век на батеријата.
Тоа е уште една заблуда. Точно е дека животниот век на батеријата содржи одреден број на циклус на полнења, но и еден циклус може да се состои од неколку поединечни полнења.
5. Секогаш наполнете го мобилниот уред до максимум.
Неточно, оптималното ниво на полнење се движи помеѓу 30 и 70 отсто. За зачувување на батеријата подобро е телефонот да се полни во неколку кратки временски интервали, отколку секогаш до максимални 100 проценти.