Актуелно 06.06.2018 12:35

Села распали по Заев: Владата ни е „Умре кралот“-„Да живее кралот“

Села распали по Заев: Владата ни е „Умре кралот“-„Да живее кралот“

Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села смета дека владата на Заев на својата прва годишнина не заслужува преодна оценка и најави дека ќе се сретне со новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но само доколку тие лично му се извинат.

Ова тој го изјави во гостувањето во емисијата 200 на Алсат.

– Ова во очи сум му го кажал и на премиерот за време на интерпелацијата. Околу него пак, се собрале личности и политичари кои делуваат според логиката „Умре кралот“ – „Да живее кралот“ и секако врз основа на ова што го кажав, оваа влада не може да има преодна оценка. Има стотици милиони евра, се инвестираат над 200 милиони евра за патна инфраструктура само во источниот регион, а продолжува празната и лажната пропаганда на ДУИ за 12-13 километри пат кој треба да ги спои Македонија со автопат до Блаце, до границата. Голема лага е тоа. Исто како што се и граничните премини во Миратовац што со години се спомнуваат и кои веќе се претворени во нереализирано нешто, бидејќи проектите за овој автопат ќе почнат во 2019 година, во јуни 2019. Пред 2020 година нема да се направи ниедна работа, истакна Села.

Најнови вести