Во вчерашната емисија на „Само вистина“ гостуваше Радмила Шекеринска која говореше за успесите на владата на СДСМ, при што посочи како еден од врвните резултати е и вработување на 3.200 лекари и медицински сестри.
-3.200 нови работни места отворивме во јавното здравство. Затоа што еден од проблемите во јавното здравство беше и недостигот на доктори и медицински сестри, и медицински персонал. Ако ме прашате дали е тоа доволно, апсолутно не. Во здравството нас ни требаат многу чекори, изјави Радмила Шекеринска при гостување на емисјата „Само вистина“.
Имено, само да ја потсетиме Шекеринска, СДСМ откако е на власт лекарите започнаа масовно да си заминуваат од државата. Според извори на Лекарската комора од почеток на 2018-та година до крајот на истата година, потврди имаат побарано 159 доктори. Германија, Хрватска па дури и Малта која најави дека ќе ги олесни процедурите за работа се најчестите дестинации каде одат да работат македонските лекари, а од друга страна имаме голем бран на пензионирање на специјалисти.
Платата е најчестата причина зошто македонските лекари се одлучуваат да заминат во странство. Ако месечно на Клинички млад специјалист зема 500 евра, почетната плата во западноевропските земји му е 2.000 евра. Платата што како ветување ја даде СДСМ од 100.000 денари, а не го исполнија, е уште еден дополнителен стимул лекарите да ја напуштат земјата.
Освен парите, немањето визија за иднината ниту долгорочна стратегија, како и нарушените меѓучовечки односи во здравствените установи, се останатите причини зошто медицинскиот кадар си оди од државата.