Актуелно 15.01.2019 11:35

Шекеринска манипулира со вработување во јавното здравство

Шекеринска манипулира со вработување во јавното здравство

Во вчерашната емисија на „Само вистина“ гостуваше Радмила Шекеринска која говореше за успесите на владата на СДСМ, при што посочи како еден од врвните резултати е и вработување на 3.200 лекари и медицински сестри.

-3.200 нови работни места отворивме во јавното здравство. Затоа што еден од проблемите во јавното здравство беше и недостигот на доктори и медицински сестри, и медицински персонал. Ако ме прашате дали е тоа доволно, апсолутно не. Во здравството нас ни требаат многу чекори,  изјави Радмила Шекеринска при гостување на емисјата „Само вистина“.

Имено, само да ја потсетиме Шекеринска, СДСМ откако е на власт лекарите започнаа масовно да си заминуваат од државата. Според извори на Лекарската комора од почеток на 2018-та година до крајот на истата година, потврди имаат побарано 159 доктори. Германија, Хрватска па дури и Малта која најави дека ќе ги олесни процедурите за работа се најчестите дестинации каде одат да работат македонските лекари, а од друга страна имаме голем бран на пензионирање на специјалисти.

Платата е најчестата причина зошто македонските лекари се одлучуваат да заминат во странство. Ако месечно на Клинички млад специјалист зема 500 евра, почетната плата во западноевропските земји му е 2.000 евра. Платата што како ветување ја даде СДСМ од 100.000 денари, а не го исполнија, е уште еден дополнителен стимул лекарите да ја напуштат земјата.

Освен парите, немањето визија за иднината ниту долгорочна стратегија, како и нарушените меѓучовечки односи во здравствените установи, се останатите причини зошто медицинскиот кадар си оди од државата.