Актуелно 20.09.2018 23:48

Шекеринска вечерва во Кисела Вода: Повторно мал број граѓани ја пречекаа министерката за одбрана

Шекеринска вечерва во Кисела Вода: Повторно мал број граѓани ја пречекаа министерката за одбрана

Продолжува референдумската кампања, преку која премиерот Зоран Заев и останатите членови на Владата ги убедуваат граѓаните да гласаат „ЗА“ договорот со Грција, кој предвидува менување на уставното име и Уставот на Република Македонија.

Денеска во Кисела Вода беше министерката за одбрана Радмила Шекеринска, но нејзиниот говор таму го проследија само мал број граѓани.

Инаку, во текот на оваа кампања, многу честа слика е на собирите каде одат претставниците од Владата и самиот премиер да има мал број на луѓе, а доста често граѓани од други градови беа носени и со автобуси, како што беше пример минатиов викенд во Скопје, каде многу од скопските улици беа полни со автобуси, донесени за маршот организиран од Владата.