Не е исклучена можноста наскоро и на улицата „Максим Горки“ паркирањето да се наплаќа по 100 денари за првиот час, а секој нареден 50 денари, пренесува Независен.
На оваа улица во строгиот центар на градот, функционира зонско паркирање на „Градски паркинг“. Таа е една од локациите, како што смета градоначалникот Петре Шилегов, каде фрекфенцијата од сообраќај, поточно паркирани возила треба да се намали. Тоа би се постигнало со воведувањето на посочената локација со зона А0.
„Сѐ уште правиме анализи, но голема е веројатноста новата зона да почне да се применува и на ‘Максим Горки‘“, информира Шилегов.
За прв пат, таа зона, впрочем и најскап паркинг, почна да важи од изминатиот викенд на Средно Водно.